Осум лица не одговараат на повиците и се верува дека се под урнатините на двете згради што се урнаа во вчерашната експлозија во Марсеј, соопштија локалните власти.
Причината за експлозијата се уште не е утврдена, изјави синоќа обвинителот од Марсеј, Доминик Лоренс.
Уривањето на зградите предизвика пожар што ја отежнува работата на спасувачите и истражителите и тој се уште не е под контрола, рече таа.
Пет лица се пренесени во болница со сериозни повреди, што но не опасни по животот.
Третата зграда делумно е урната, изјави министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин, кој го посети местото на несреќата.
Тој додаде дека 30 згради во областа се евакуирани.
Министерот за домување Оливие Клајн изјави за радио Европа 1 дека околу 180 луѓе се евакуирани.
Колку што е познато зградите што се урнаа на улицата „Тиволи“ немаа структурни проблеми, додаде обвинителката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.