Осум лица вчера и денеска ги загубија животите во три одделни лавини во северна Австрија, соопштија официјални извори.
Четворица Швеѓани и нивниот локален водич загинаа во петокот во провинцијата Тирол, во регионот Спис на границата со Швајцарија.
Тие се движеле надвор од стазата придружувани од планински водич кога над нив почнала да паѓа снежна лавина широка 400 метри. Еден член од групата бил само делумно затрупан од снегот, па успеал да му се јави на својот пријател во Шведска на мобилниот телефон. Човекот информирал лице кое исто така патувало со групата, но тој ден не се приклучил на турнејата. Веднаш биле известени спасувачките служби, а 42-годишниот Швеѓанец преживеал.
Властите денеска соопштија дека уште едно лице загинало во лавина на планината Кнеделкопф во провинцијата Ворарлберг. Снегот го затрупал додека тој со група се движел надвор од подготвените планински стази.
Иако другите од групата успеале брзо да го извлечат од снегот и веднаш почнале со реанимација, мажот починал. Полицијата се уште не известила за неговото потекло.
Во третата лавина загинаа две лица на возраст од 60 и 61 година. Тие беа пронајдени мртви нешто по полноќ во Вилдшенау, Тирол.
Поради снегот кој падна во четвртокот и петокот, само во Тирол се забележани десетици лавини, се наведува во соопштението на австрискиот систем за предупредување и се додава дека постои голема опасност од лавини во многу планински предели на земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.