Шестмината странски државјани кои се уапсени за вмешаност во убиството на еквадорскиот претседателски кандидат Фернандо Вилависенсио се Колумбијци, соопшти еквадорската полиција.

Седмиот осомничен, кој им подлегна на раните здобиени во престрелка со полицијата, исто така бил Колумбиец.

Вилависенсио беше убиен за време на предизборен митинг во Кито, напаѓачот бил неутрализиран по размена на оган со полицијата која го обезбедувала собирот, а останатите осомничени се приведени по полициска рација, соопшти Државното правобранителство.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.