Најмалку две лица загинаа во оружен напад во автобус во Флорида во САД. Полициски претставници изјавија дека во автобусот било пукано додека поминувал во близина на полицискиот оддел во Форт Лодердејл.
Властите соопштија дека автобусот по нападот удрил во други возила. Се наведува дека едното лице во автобусот починало на самото место, а другото во болница.
Уште две лица се хоспитализирани, а напаѓачот е уапсен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.