Унгарскиот премиер Виктор Орбан вечерва ќе го посети Париз, каде ќе има работна вечера со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти портпаролот на Орбан, Берталан Хаваси.
На средбата ќе се разговара за подготовките за следниот самит на ЕУ што ќе се одржи во Будимпешта и за самитот на Европската политичка заедница, како и за билатералните односи во областа на енергетиката, одбраната и транспортот, пренесоа француските медиуми.
Кабинетот на претседателот на Франција соопшти дека вечерата, која се одржува во рамки на унгарското претседателство со ЕУ, ќе почне во 20 часот и 30 минути.
Извор: МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.