Унгарскиот премиер Виктор Орбан телефонски разговарал со републиканскиот кандидат на претстојните избори за претседател на Соединетите Американски Држави, при што му посакал среќа на претстојните избори.
„Тукушто разговарав со претседателот Доналд Трамп. Му посакав сè најдобро за следниот вторник. Уште само пет дена. Му држам среќа“, објави Орбан на социјалните мрежи.
Унгарскиот лидер пред неколку дена вети дека ќе отвори „неколку шишиња шампањско“ ако Доналд Трамп се врати во Белата куќа по изборите. Во рамки на својата мисија за мир околу конфликтот во Украина, Орбан летоска ја посети Флорида, каде што се сретна со Трамп.
Just got off the phone with President @realDonaldTrump . I wished him the best of luck for next Tuesday. Only five days to go. Fingers crossed 🤞
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) October 31, 2024
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.