Русија не може да ја победи Украина бидејќи целиот западен свет се построи зад Киев, истакна унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој ја нагласи потребата што побрзо да се воспостави примирје во Украина и да започнат мировни преговори.

Русија не може да победи, бидејќи целиот западен свет се построи зад Украина. Во исто време, Русија е нуклеарна сила и нуклеарните сили не можат да бидат ставени во ќорсокак, бидејќи тие можат да предизвикаат нуклеарна војна. Ни треба примирје и мировни преговори. Колку побрзо, толку подобро“, напиша Орбан на Твитер.

Утре (24 февруари) се одбележува годишнината од војната во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.