Виктор Орбан прогласи уште една вонредна состојба во Унгарија поради војната во соседната Украина.

„Светот е на работ на економска криза. Унгарија мора да остане надвор од оваа војна и да ја заштити финансиската сигурност на семејствата. Тоа бара простор за маневри и итна акција“, кажа Орбан.

Овој потег ќе ѝ овозможи на владата „да реагира моментално и во сите ситуации за да се заштити унгарскиот народ“. Орбан кажа дека владата утре ќе ги објави првите мерки.

Во земјата веќе е на сила вонредна состојба воведена поради пандемијата на коронавирусот, но таа треба да истече следниот вторник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.