Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој продолжува жестоко да ја критикува „индиректната војна“ што Европа ја води против Русија, денеска упати нов повик за прекин на огнот во Украина, на одбележувањето на годишнината од почетокот на руската агресија врз соседната земја.
„Не сме наивни. Знаеме дека се мали шансите за мировен договор прифатлив за двете страни“, напиша тој на Твитер.
„Но, се разбира, првата фаза е да се постигне прекин на огнот преку преговори. Ова е единствениот начин да се спасат животи“, порача Орбан.
Од почетокот на руската инвазија врз Украина, унгарската Влада зазеде нејасен став и постојно избегнуваше да го критикува рускиот претседател.
Орбан, кој пред инвазијата одржуваше блиски односи со рускиот претседател Владимир Путин, постојано одбива да испрати оружје во Киев и редовно повикува на мировни преговори и го критикува економското влијание на санкциите наметнати на Русија од страна на Европската унија.
Во своето годишно обраќање до нацијата, Орбан во саботата се заложи за зачувување на економските односи со Русија бидејќи Унгарија е многу зависна од руските енергетски производи.
За разлика од повеќето европски партнери, Орбан од почетокот на војната ниту еднаш не ја посетил Украина.
Односите меѓу Унгарија и Украина се затегнати поради минатото, особено поради Транскарпатија, украински регион со кој владееше Будимпешта до Првата светска војна и е дом на големо унгарско малцинство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.