На Унгарците им треба компетентна армија која ќе го гарантира мирот и ќе служи за одвраќање, изјави денеска во Будимпешта унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Говорејќи на церемонијата за полагање заклетва на војниците доброволци и на откривањето на борбените возила на пешадијата Линк, Орбан рече дека е време да се „оживее воениот дух во нас“, тврдејќи дека нацијата која не е способна да го стори тоа сигурно ќе пропадне во иднина, пренесува унгарската агенција МТИ.

– Има народи кои веќе почнаа да се подготвуваат, а ние не можеме да заостанеме – рече унгарскиот премиер.

Тој рече дека Унгарците „не смеат да ги закопаат главите во песок“ и додаде дека „ако работите продолжат како што се сега, санкциите ќе ја потресат Европа“.

Орбан истакна дека се чини и дека Европа ќе мора да се подготви за долготрајна војна.

Иако заклетвата на 250 доброволци е „доволна причина да бидеме среќни, ни требаат уште неколку вакви баталјони“, рече Орбан.

Во исто време, тој додаде дека презентацијата на борбените возила Линк означи важна пресвртница во тековниот воен развој на Унгарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.