Унгарија загуби 10 милијарди евра годинава поради санкциите што Европската унија и ги воведе на Русија, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Како што рече, погрешните санкции на Брисел резултираа со вртоглаво зголемување на цените на енергијата, што доведе до дефицит во унгарската економија од 10 милијарди евра годишно, пренесе ТАСС.

Владата се надева дека економијата на земјата ќе проголта околу шест милијарди од тој дефицит, но буџетот ќе има дупка од четири милијарди – рече Орбан.

Тој истакна дека оваа сума „ќе исчезне во социјалните трошоци, зголемувањето на платите и даночните намалувања“.

Од таа гледна точка, унгарската политика која бара преиспитување на санкциите воопшто не изгледа претерано“ – рече унгарскиот премиер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.