Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Брисел не ги гледа вистинските проблеми во Европа и дека, поради тоа, целта на неговата земја на европските парламентарни избори е „да ги отвори очите на Брисел“.

Европските избори се во центарот на политичките цели следната година, рече Орбан и нагласи дека Брисел ги игнорира проблемите со кои се соочуваат луѓето ширум Европа, не само во Унгарија.

Тој наведе дека целта на Унгарија на следните европски избори е „да ги направи европските лидери способни да ги поправат грешките што ги направија во текот на оваа година“, и дека 2023 година беше „година на големи борби, додека следната ќе биде година на големи планови“, кога Будимпешта ќе се обиде да постигне значајна промена во политиката на Европската унија, пренесува унгарскиот МТИ.

Новиот миграциски пакт на ЕУ „сигурно ќе пропадне“ и додека Европа не одлучи за потегот што го направи Унгарија, дека оние кои сакаат да влезат на територијата на блокот мора прво да поднесат барање и да чекаат надвор од ЕУ за тоа време, ниту една регулатива што ќе се воведе нема да успее, рече Орбан.

Премиерот на Унгарија ја истакна важноста од враќање на фокусот на политиката на семејствата во 2024 година и дека владата се надева дека земјата ќе работи на чекор напред во иднина, бидејќи Унгарците оваа година „се бореа и работеа за да го заштитат она што го имаат“.

Орбан се осврна и на предизвиците со кои се соочи светот оваа година, вклучувајќи војна, терористички закани, миграција и инфлација, но од друга страна, тој рече дека неговата влада успеала да ги заштити пензиите и дека заштитата на платите ќе биде поголема отколку во средината на 2023 година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.