Филипините обвинија брод на кинеската крајбрежна стража дека утринава се судрил со филипински брод за снабдување во близина на мал гарнизон во спорниот дел од Јужното Кинеско Море.

Поради опасните маневри со блокада, бродот 5203 на кинеската крајбрежна стража се судри со брод за снабдување (…) кој е под договор со вооружените сили на Филипините во Спратлис, на околу 25 километри од атолот Секонд Томас Шоал, каде што се наоѓа филипинската морнарица, соопшти владина работна група.

Во друг инцидент, брод на филипинската крајбрежна стража, што ја придружувал мисијата за снабдување бил „удрен“ од „брод на кинеската поморска полиција“.

Националната работна група на Западното Филипинско Море силно ги осудува најновите опасни, неодговорни и незаконски дејствија утринава на ГЦЦ (кинеската крајбрежна стража) и кинеската поморска полиција“, се вели во соопштението.

Јужното Кинеско Море Филипинците го нарекуваат Западно Филипинско Море.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.