На територијата на фабриката Азовстал има уште цивили но нивниот број засега не е познат, изјави на брифинг координаторката на ОН во Украина Оснат Лубрани.
– Се надевам дека оваа пауза ќе биде првиот чекор во низата од многу чекори, бидејќи во некои области, вклучувајќи го и Азовстал, сè уште има цивили, рече таа.
Лубрани рече дека не може да го прецизира точниот број на цивили во челичарницата. „Бројките варираат, фабриката е огромна“, рече таа.
Координаторката на ОН во Украина додаде дека претставниците на ОН евакуирале уште 58 лица од регионот на Мариупол.
– Евакуиравме вкупно 101 лице од Азовстал. Станува збор за жени, деца, стари лица, но и постари мажи. Ги однесовме во Запорожје. Исто така, однесовме уште 58 лица во Мангуш, село западно од Мариупол, рече таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.