Обединетите нации денеска соопштија дека од почетокот на руската агресија врз Украина оваа земја на напуштиле над 4,9 милиони Украинци.
Откако Русија ја започна инвазијата на 24 февруари, 4.934.415 луѓе, главно жени и деца, ја напуштиле Украина, јави УНХЦР.
Речиси 215.000 државјани на трети земји, главно студенти и работници мигранти, исто така избегаа во соседните земји.
Ако се земе предвид оваа бројка, од почетокот на војната од Украина, вкупно повеќе од пет милиони луѓе ја напуштиле Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.