Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите Нации (ОХЧР) има информации дека луѓето за кои се верува дека се проруски настроени се цел на насилство во регионите под контрола на украинската Влада, соопшти високата комесарка на ОН за човекови права Мишел Башелет.

На 49-та седница на Советот за човекови права на ОН, Башелет порача дека ОХЧР е загрижена поради „извештаите за насилство врз оние кои се сметаат за проруски настроени на териториите контролирани од украинската Влада“.

Според неа, Канцеларијата, „е загрижена и поради извештаите за произволните приведувања на проукраински лица во областите што неодамна дојдоа под контрола на вооружените групи на истокот на змејата“.

Таа „ги повика сите страни во конфликтот да преземат ефективни мерки за да им овозможат на цивилите заробени во областите погодени од активните непријателства безбедно да заминат“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.