Претворањето на обичните, лични телекомуникациски уреди во бомби и таргетирањето на илјадници Либанци кои користат пејџери, воки-токи и друга електронска опрема е кршење на меѓународните прописи за човекови права, изјави високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк.

Тирк на вонредниот состанок на Советот за безбедност на ОН рече дека мора да има независна и транспарентна истрага за нападите во Либан во вторникот и средата, кога уредите експлодираа, при што загинаа 37 луѓе, а беа повредени повеќе од 3.400, за што е осомничен Израел.

Тирк рече дека експлозиите не само што го прекршиле меѓународното право за човекови права, туку и клучните принципи на меѓународното хуманитарно право во војна, кои наложуваат разлика меѓу цивилите и борците, и мерките на претпазливост.

Меѓународното право, исто така, забранува употреба на мини кои изгледаат безопасни, рече тој, додавајќи дека „воено злосторство е вршење насилство заради терор меѓу цивилите“.

Либан го обвини Израел за нападите, чија цел се чини дека биле борци од либанскиот Хезболах, со кој Израел е во војна, но многу од жртвите биле цивили, вклучително и деца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.