Високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк денеска изјави дека Палестинците во Појасот Газа живеат во „целосен ужас“ и повика на итен прекин на непријателствата и ослободување на сите заложници.

Два месеци по „страшните напади на Хамас и другите палестински вооружени организации врз Израел“, земјата „продолжува со безмилосно бомбардирање на цивилите во Газа и колективно казнување“, рече Турк на прес-конференција во Женева.

Израел жестоко одговори на нападите на Хамас на југот на земјата на 7 октомври, во кои беа убиени 1.200 луѓе, главно цивили, а околу 240 заложници беа одведени во Газа.

Според Министерството за здравство во Газа, каде управува Хамас, во израелското бомбардирање и последователната копнена офанзива убиени се 16.248 луѓе, од кои 70 отсто биле жени и малолетни.

Високиот комесар нагласи дека постои зголемен ризик да се извршат злосторства, вклучително и најтешките (геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства) и дека мора веднаш да се преземат мерки од двете страни, како и САД, и оние со влијание за да се спречи ова.

Тој, исто така, изрази загриженост за „дехуманизирачките изјави“ на сегашни и поранешни високи израелски функционери и рече дека историјата покажала дека таквиот јазик не води никаде и не само што е неприфатлив, туку и судовите ќе го сметаат за поттикнување за извршување злосторства.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.