Во соседните земји на Украина во моментов се наоѓаат 520.000 украински бегалци и тој број драстично се зголемува од час во час, изјави Филипо Гранди, високиот комесар на ОН за бегалци (УНХЦР), вчера пред Советот за безбедност на ОН.

Гранди, кој се обрати пред Советот преку видео-конференциска врска од Женева, истакна дека работел на бегалските кризи речиси 40 години и дека „ретко видел таков неверојатно брзо растечки егзодус на луѓе – најголем, секако во Европа, од балканските војни“.

Над 280.000 избегаа во Полска. Други 94.000 се во Унгарија, речиси 40.000 моментно се во Молдавија, 34.000 во Романија, 30.000 во Словачка и десетици илјади во други европски земји. Свесни сме и дека значителен број заминале во Руската Федерација, нагласи Гранди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.