Борбите во Судан предизвикаа тешка криза со глад кај 20,3 милиони луѓе, наведува Светската програма за храна на Обединетите нации (WFP) во денешнопто соопштение, пренесе ДПА.
-Од 46 милиони жители на земјата, околу 6,3 милиони луѓе страдаат од недостиг на храна опасен по животот, рече Еди Роу, претставник на Светската програма за храна (WFP) во Судан.
Од избувнувањето на борбите во април, конфликтот се прошири и се потешко е да се достави помош за спасување на населението, рече Роу во видео изјава емитувана од Порт Судан, притоа повикувајќи ги страните во конфликтот да ја олеснат испораката на помошта, додаде германската агенција.
Минатата недела, WFP за прв пат успеа да испорача храна во особено погодената држава Западен Дарфур, на границата со Чад.
Роу ја опиша ситуацијата во Западен и Централен Дарфур како „катастрофална“, објаснувајќи дека повеќето мажи во селата во Западен Дарфур се мртви, повредени или исчезнати, оставајќи ги семејствата сами да се грижат за себе.
-Овие семејства едвај преживуваат, кажа Роу, пренесе ДПА.
Војната во Судан избувна кон средината на април по долготрајната борба за превласт меѓу де факто претседателот Абдел Фатах ал-Бурхан и потпретседателот Мохамед Хамдан Дагло. Двајцата генерали првично заедно ја презедоа власта во Судан, но набрзо потоа, во 2021 година, станаа ривали.
Борбите се концентрирани во Картум и соседните градови, како и во регионот Дарфур на западот на земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.