Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации соопшти дека израелската опсада на Појасот Газа и наредбата за евакуација би можеле да претставуваат меѓународно злосторство поради присилно преместување на цивилите.
Загрижени сме дека оваа наредба, во комбинација со наметнување целосна опсада на Газа, не може да се смета како законска привремена евакуација и затоа би претставувала присилен трансфер на цивили што е прекршување на меѓународното право, изјави портпаролка на Канцеларијата за човекови права на ОН, Равина Шамдасани.
Терминот „присилен трансфер“ го опишува присилното преместување на цивилното население и тоа е злосторство против човештвото казниво од Меѓународниот кривичен суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.