Светската програма за храна на ОН (WFP) денеска објави дека итно ѝ се потребни 800 милиони долари за помош на Авганистан во следните шест месеци бидејќи таа земја е во најголема опасност од глад во изминатите 25 години.
Од враќањето на талибанците на власт во 2021 година, хуманитарните агенции им обезбедуваа на Авганистанците храна, образование и здравствена поддршка.
Итно ни требаат 800 милиони долари во следните шест месеци за да продолжиме да обезбедуваме помош за луѓето на кои им треба низ Авганистан. Катастрофален глад тропа на вратата на Авганистан и доколку не се одржи хуманитарна поддршка, на стотици илјади Авганистанци ќе им треба помош за да преживеат.
ОН предупредија дека нивната работа во Авганистан е попречена поради недоволните средства. За 2023 година се обезбедени 249 милиони долари, што не е ни третина од сумата од 2022 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.