Обединетите нации соопштија дека една од нивните канцеларии во градот Газа била гранатирана во текот на ноќта, велејќи дека добиле „извештаи за смртни случаи и повредени“ меѓу цивилите кои биле засолнети таму.

Ова е погрешно во секоја смисла. Цивилите, цивилната инфраструктура и неповредливоста на објектите на ОН секогаш мора да бидат заштитени, објави администраторот на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Ашим Штајнер на платформата Х (Твитер).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.