Мисијата на Обединетите нации во Авганистан ги обвини талибанските власти за малтретирање на нивните вработени во Авганистан, соопштија денеска претставници на мисијата на ОН.

Тие ги повикаа локалните власти да го почитуваат персоналот на мисијата на ОН.

– Се појави шема на малтретирање на авганистанските жени од персоналот на ОН од страна на талибанските власти, се вели во соопштението.

Се наведува дека три Авганистанки неодамна биле накратко приведени и испрашувани од вооружени владини безбедносни агенти.

Обединетите нации повикаа на итен прекин на сите акти на „заплашување и вознемирување насочени кон авганистанскиот женски персонал“ и ги потсетија локалните власти на нивните обврски според меѓународното право да ја гарантираат безбедноста на целиот персонал на ОН што работи во Авганистан.

Во соопштението објавено вечерва од талибанците се негира дека локалните власти привеле припадници на персонал на ОН.

Според извештаите, властите во јужната провинција Кандахар запреле група жени, но кога сфатиле дека се вработени во ОН, престанале да ги испрашуваат



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.