Обединетите нации ги повикаа сите потписнички на Договорот за извоз на жито преку Црното Море да ја подобрат ефикасноста на извозот и соопштија дека организацијата не може да биде одговорна за тоа што повеќе од 100 бродови во водите на Турција сè уште чекаат за одобрение за поминување низ Босфорот.

Според договорот кој во јули минатата година го потпишаа Русија, Украина, Турција и ОН, инспекцијата на бродовите се врши во турските води на патот кон и од Украина, а сите четири страни заедно работат на инспекција и одобрување на бродовите да вршат извоз.

ОН ги повикуваат сите страни д а работат на отстранување на пречките и подобрување на оперативната ефикасност“, се вели во соопштението на организацијата.

Амбасадорката на САД во ОН Линда Томас-Гринфилд минатата недела изјави дека Русија „намерно ги забавува инспекциите“ и потсети дека според договорот, треба да се извезуваат пет милиони тони храна месечно.

Во соопштението на ОН се наведува дека во последните две недели „просечното време на чекање на бродовите меѓу регистрацијата и инспекцијата е 21 ден“, како и дека „се мора да се направи со соработка на сите инволвирани страни, а од Организацијата се обидуваат се да оди што побрзо“.

Договорот од јули вклучува олеснување на извозот на храна и ѓубрива од Русија, вклучувајќи и амонијак, а ОН се обидуваат да покренат преговори за испорака на руски амонијак, клучна состојка во нитратното ѓубриво, преку гасовод до украинското пристаниште на Црното Море.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.