Агенциите на Обединети нации побараа од донаторите 4,4 милијарди долари хуманитарна помош за Авганистан. Средствата се потребни за обезбедување иднина за земјата по преземањето на власта од страна на талибанците и повлекувањето на американските трупи.
Милиони Авганистанци се во опасност од глад, бидејќи земјата е погодена од една од најлошите суши, што е пропратено со економска криза по враќањето на талибанците минатата година.
Според ОН барањето за помош, кое изнесува речиси една четвртина од бруто домашниот производ (БДП) на Авганистан, е највисоко досега побарано за една земја и трипати поголема од сумата што ја добиле во 2021 година, кога беше соборена владата поддржана од САД.
Ова е апсолутно неопходна мерка што ја ставаме пред меѓународната заедница – изјави шефот за хуманитарна помош на ОН, Мартин Грифитс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.