Жителката на Харков, Олександра (25) и нејзините четири посвоени кучиња со денови се криеjaт од руските гранати во бањата во нејзиниот стан, пренесува „Би-Би-Си“. За британскиот медиум Олександра вели дека редовно разговара со нејзината мајка која живее во Москва, но дека не може да ја убеди дека е во опасност. Не ја убедуваат ниту видеата кои ѝ ги праќа од разурнатиот Харков.
Не сакав да ги плашам моите родители, но почнав да им кажувам дека се убиваат и цивили и деца. Иако се грижат за мене, тие сепак велат дека тоа е веројатно случајност зошто „руската војска никогаш не би гаѓала цивили“. Тие тврдат дека Украинците го убиваат сопствениот народ, раскажува Олександра.
Според неа, за тоа се виновни руските државни медиуми. Таа вели дека ставовите на нејзината мајка се идентични со оние што може да се слушнат на руската државна телевизија.
Се исплашив кога ми го повтори она што го чула на телевизија. Руските телевизиски држави им ги перат мозоците на гледачите и тие им веруваат. Моите родители знаат дека има одвива воена операција во Украина, но ми велат: „Русите дојдоа да те ослободат. Нема да уништат ништо, нема да те повредат. Тие целат само воени бази.“, раскажува таа.
Додека Олександра зборуваше со новинарите на Би-Би-Си, гранати паѓаа врз Харков. На моменти, квалитетот на нејзината интернет конекција паѓаше.
Заборавив како звучи тишината. Гранатирањето не престанува, вели 25-годишната девојка.
Руската државна телевизија тоа гранатирање не го ни спомна. Тие не ги спомнаа цивилните жртви, ниту четирите лица кои загинаа додека чекаа ред за вода. Руските медиуми наведуваат дека на Украинците не им се заканува руската армија, туку украинските националисти кои ги користат цивилите како жив штит. Руската државна телевизија тврди дека Украина го иницирала конфликтот, а војната во Украина ја нарекува „специјална ослободителна операција“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.