Претседателката на Косово, Вјоса Османи, на покана на семејството Олбрајт следната недела ќе отпатува во САД, каде ќе присуствува на погребот на поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт. На погребот ќе биде и премиерот Курти.
Државниот секретар во администрацијата на Бил Клинтон почина на 23 март на 84-годишна возраст.
Нејзиното семејство дека починала од рак. Погребот ќе се одржи во националната катедрала во Вашингтон на 27 април.
Поранешната американска државна секретарка кај косовските Албанци ужива голема почит, како една од најзаслужните светски политичари за интервенцијата на НАТО против српските и југословенските сили во 1999 година, што подоцна, во 2008 година, резултира со прогласување на независна Република Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.