Канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен соопшти дека Доналд Трамп создал лажни очекувања за неговото апсење и ги навел републиканците во Конгресот да се мешаат во истрагата на обвинителството за поранешниот претседател.
Вашето писмо … е истрага без преседан во локалната тужба која е во тек. Писмото стигна дури откако Доналд Трамп создаде лажно очекување дека ќе биде уапсен следниот ден, а неговите адвокати ве поттикнаа на интервенција, напиша во писмо окружниот обвинител Алвин Брег до тројца републиканци во Претставничкиот дом.
Големата порота која Брег ја свика во јануари почна со сослушување на докази за улогата на Трамп во поткупувањето на порно ѕвездата Сторми Даниелс пред претседателските избори во 2016 година, на кои победи Трамп. Даниелс, позната порно актерка и режисерка, чие вистинско име е Стефани Клифорд, изјави дека добила пари во замена да молчи за сексуалната врска што ја имала со Трамп во 2006 година.
Поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, изјави дека ги испратил парите по налог на Трамп за да купи молк за вонбрачната врска на тогашниот претседателски кандидат. Трамп тврди дека е невин и оти истрагата е политички мотивирана.
Во писмото од канцеларијата на Брег се наведува дека претседателите на три конгресни комисии побарале доверливи информации за тековната кривична истрага, што според законот е доверлива информација.
Барањата наведени во писмото се незаконско задирање во суверенитетот на Њујорк“, им напишал главната советничка Лесли Дабек на претседателот на Комитетот за правосудство Џим Џордан, на претседателот на Комисијата за надзор Џејмс Комер и на претседателот на административниот комитет Брајан Стил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.