Јавниот обвинител на Венецуела, Тарек Вилијам Сааб денеска изјави дека 749 лица се приведени за време на протестите што избија против изборната победа на претседателот Николас Мадуро, предупредувајќи дека тој број би можел да порасне во наредните часови.
-Има 749 од овие криминалци приведени, изјави Сааб за новинарите.
Тој додаде дека повеќето ќе бидат обвинети за „отпор кон власта и, во најтешките случаи, тероризам“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.