Заменик министерот за внатрешни работи на Белорусија, Генадиј Казакевич, изјави дека околу 200 државјани на неговата земја се борат на страната на Украина во склоп на украинските националистички одреди.

Достапните податоци сугерираат дека околу 200 Белоруси се борат за Украина заедно со националистите – изјави Казакевиќ, пренесува ТАС С.

Тој додаде дека најголем број од нив биле учесници на протестите во Белорусија во 2020 година кога извршиле, како што изјави, разни кривични дела, при што успеале да избегнат кривично гонење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.