Германскиот канцелар, Олаф Шолц, предуореди дека Германија има големи проблеми во воведувањето и почитувањето на ембаргото за руската нафта.

На последниот самит на Европската Унија, Шолц истакнал дека Берлин се стреми да ја намали зависноста од руските испораки на нафта и гас што е можно поскоро, но дека е потребно време бидејќи има сериозни практични проблеми, пишува „Handelsblatt“, повикувајќи се на изјави на учесниците на самитот.

Како што пишува медиумот, на последниот самит на Европската Унија во Брисел, канцеларот Шолц ги изненади своите колеги со детален извештај за енергетската дилема на Германија.

Според учесниците на самитот, на претходните средби на лидерите на ЕУ, политичарот на Социјалдемократската партија на Германија секогаш молчел, но сега бил конкретен околу проблемите на неговата земја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.