Надгробниот споменик на британската кралица Елизабета Втора вчера е официјално откриен во дворецот Виндзор, пет дена по нејзиниот погреб, соопшти Бакингемската палата.

Елизабета Втора е погребана во гробницата на Џорџ Шести, именувана по таткото на кралицата, кој почина во 1952 година.

Во таа гробница се посмртните останки на нејзините родители и принцот Филип, сопругот на Елизабета, кој почина во 2021 година. Исто така во таа гробница се наоѓа и урната на нејзината сестра Маргарета.

Споменикот на кралицата е рачно направен од белгиски црн мермер со букви од месинг букви, „за да се усогласи со другите споменици во гробницата“, соопшти Бакингемската палата.

Елизабета Втора (96) почина на 8 септември во Шкотска по повеќе од 70 години владеење. Таа беше погребана на 19 септември. Новиот крал е Чарлс Трети, нејзиниот најстар син.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.