Претставникот на кинеското Министерство за надворешни работи, Фу Конг, им порача на САД да не се трудат да прават проценки за кинескиот нуклеарен арсенал врз основа на сателитски снимки.
Обидите да се користат сателитски снимки за да се открие каков нуклеарен арсенал има Кина се несериозни за САД – изјави Фу, директор на одделот за контрола на оружјето.
Неколку американски медиуми минатата година објавија дека Кина гради силоси за интерконтинентални балистички ракети на најмалку три локации, а „Вашингтон Тајмс“ тврди дека таков заклучок е донесен во разузнавачките извештаи врз основа на сателитски снимки направени во 2021 година.
Според извештаите на американските медиуми, американските власти сметаат дека во трите ракетни бази ќе бидат распоредени 350 до 400 нуклеарни проектили со долг дострел.
Меѓутоа, кинескиот весник „Женмин Жибао“, повикувајќи се на кинески воени експерти, соопшти дека американските аналитичари погрешно процениле дека темелите за турбините на ветер се силоси за интерконтинентални балистички ракети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.