Тропската бура Офелија се очекува утринава да стигне до брегот на Северна Каролина, поради што се прогласени вонредни состојби во Северна Каролина, Вирџинија и Мериленд, соопшти американскиот Центар за урагани.
Во соопштението се наведува дека метеоролозите предвиделе дека бурата Офелија ќе предизвика поплави опасни по живот во источните делови на Северна Каролина и југоисточна Вирџинија.
Бурата засега има максимални постојани ветрови од 113 километри на час со повремени налети, но синоптичарите предвидуваат дека бурата ќе ослабне откако ќе стигне на копно во југоисточниот дел на САД, информира центарот за урагани
620am EDT 23 September — Tropical Storm #Ophelia has made landfall near near Emerald Isle in North Carolina with maximum sustained winds of 70 mph.
Latest: https://t.co/Dl4SklCoht pic.twitter.com/6Kc9cmsS2l
— National Hurricane Center (@NHC_Atlantic) September 23, 2023
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.