Земјотрес со магнитуда од 6,8 степени по Рихтер го погоди Тајван во неделата, ден откако островот беше погоден од потрес со магнитуда 6,4, објави Централното метеоролошко биро.

Според локалните медиуми, ниска зграда во која имало продавница се урнала и во тек е акција за спасување на луѓето кои биле во таа зграда. Најмалку еден вагон излетал од шините на станица на источниот брег на Тајван.

Земјотресот се почувствувал ширум островот. Во главниот град Тајпеј накратко се треселе зградите.

Според сеизмолошкиот центар, неделниот потрес се случил во 14,44 часот по локално време, или 8,44 по средноевропско време, на длабочина од 7 километри. Епицентарот бил на околу 42,7 километри северно од градот Тајтунг во источен Тајван.

По саботниот протест локалните медиуми известија за уривање на стара куќа, оштетување на мост, паднати артикли од рафтовите о продавниците, заглавени лифтови во високите згради, привремено запрени железнички линии и други проблеми. Меѓутоа, нема извештаи за настрадани или за поголеми материјални штети.

Претставник на Централното метеоролошко биро изјави во неделата дека дополните потреси би можеле да потраат месец или два. Јапонија во неделата издаде предупредување за можно цунами.

Во септември 1999 година островот, кој е на границата меѓу Евроазиската и Филипинската сеизмичка плоча, беше погоден од земјотрес со магнитуда 7,3 степени по Рихтер кога загинаа повеќе од 2.400 луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.