Од утрово во Киев одекнуваат експлозии. Според украинските медиуми, погодена е станбена зграда, а едно лице е повредено.

Пожарот избувнал на првите пет ката од 10-катница. Нема загинати, но едно лице е повредено и итно пренесено во болница, соопштија украинските служби.

Непријателот продолжува да го напаѓа Киев. Рано наутро гранати погодија неколку станбени згради – 2 високи згради во областа Свјатошински, 1 во Подилски. И една приватна куќа. Жртви има и во станбени згради. Останете во засолништата“, објави Виталиј Кличко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.