Од среда, патниците и туристите повеќе не мора да поднесуваат негативен тест за коронавирус, односно доказ за минато заболување или вакцинација при влез во Италија.

Одредбата која претходно важеше истече во вторник и нема да биде продолжена, соопшти Министерството за здравство.

Владата на премиерот Мариo Драги постепено ги укина епидемиолошките мерки по завршувањето на двегодишната вонредна состојба во земјата на крајот на март.

Ковид сертификатите повеќе не се потребни во ресторани или туристички настани.

Луѓето сè уште мора да носат маски во јавниот транспорт, болниците и установите за нега.

Бројот на потврдени случаи на инфекција со коронавирус се намалува во последните неколку недели во Италија, земја со речиси 60 милиони жители. Властите објавија нешто повеќе од 7.500 нови случаи за 24 часа и приближно 60 смртни случаи во понеделникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.