По еднонеделното примирје, Израел изврши нови напади врз Појасот Газа. Министерството за здравство во Газа соопшти дека речиси 200 Палестинци се убиени од прекинот на привременото примирје меѓу Израел и палестинската група, објавува британски „Гардијан“.
Ги гаѓаме воените цели на Хамас низ појасот Газа, изјави портпаролот на Изралеските одбранбени сили Џонатан Конрикус.
Палестински извори, пак, соопштија дека по прекинот на примирјето и продолжувањето на непријателствата, вооруженото крило на Хамас добило „наредба да продолжи да се бори“ и да „го брани Појасот Газа“.
„Тајмс оф Израел“ пренесува дека изутринава се огласиле сирените за воздушен напад во пограничните населби Холит и Суфа на југот на Израел. Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.
Жестоки борби се водат во јужниот дел на Газа. Во текот на ноќта израелската армија извршила опсежни операции, а борби се водат во јужниот дел на палестинската енклава, јавуваат израелските медиуми. Копнени борби им и во областа Кан Јунис, каде, според разузнавачките податоци, има членови на раководството на Хамас. Военото радио „Канал 12′ извести дека израелските сили дејствуваат и во градот Газа и Беит Лахија, во северниот дел на Газа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.