Сопругата на првиот човек на Украина Олена Зеленска откри пред јавноста дека не го видела Володимир Зеленски од почетокот на војната, поточно пред повеќе од два месеци.
Изјавата ја даде за полскиот весник „Rzechpospolita“. Во интервјуто открива: „Го гледам исто како и Вие, на телевизија и на видеоснимки од неговите говори“.
Зеленска открива дека во ниту еден момент конфликтот не го променил нејзиниот сопруг како човек. Го опиша како човек „на кој можеш да се потпреш“.
Русија планира геноцит, беше репликата која Зеленска ја потенцираше прашана за руско-украинскиот конфликт.
„Немам што повеќе да им кажам. Ако ковчезите не ги убедат дека тука нешто не е во ред – нема што да им кажам“, изјави Зеленска за полскиот весник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.