Од Москва до Санкт Петербург, растојание од околу 700 километри ќе се минува за 2 часа.

Во Русија во следните 3 години ќе се пуштет во употреба првите брзи возови, се наведува во извештајот на првиот вицепремиер Денис Мантуров до рускиот претседател Владимир Путин.

На форумот и изложбата „Транспорт на Русија“, Руските железници го покажаа предвидениот внатрешен изглед на првиот домашен брз воз за брзата пруга Москва-Санкт Петербург.

Се планира да има 136 седишта во стандардна класа, 230 седишта за комфорна класа, 68 седишта од прва класа и 15 седишта од прва класа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.