Австријците постари од 18 години од денеска мора да се вакцинираат против Ковид-19 или ризикуваат висока парична казна – мерка без преседан во Европската унија.
Новата мерка, усвоена од парламентот на 20-ти јануари, беше потпишана вчера од претседателот Александар Ван дер Белен како кулминација на процесот што започна во ноември како резултат на брзото ширење на опцијата Омикрон. Владата одлучи да продолжи да го следи својот нов, построг пристап, и покрај критиките во земјата.
И покрај заканата од ваква драстична мерка, стапката на вакцинација во Австрија се уште не е зголемена и е пониска отколку во Франција и Шпанија.
Во соседна Германија, сличен закон, поддржан од новиот социјалдемократски канцелар Олаф Шолц, беше дискутиран минатиот месец во Бундестагот, но сè уште не е постигнат напредок поради разликите меѓу политичките сили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.