Од 11 април на Американците ќе им биде дозволено да избираат „Х“ за пол во нивните барања за пасоши, соопшти денеска Стејт департментот.
Почнувајќи од 11 април, граѓаните на САД ќе можат да ја изберат ознаката Х за пол во нивната апликација за пасош во САД, а оваа опција ќе стане достапна за други форми на документација следната година – нагласи американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Секој Американец ја заслужува слободата да биде свој. Но, премногу трансродови Американци продолжуваат да се соочуваат со системски бариери, дискриминација и акти на насилство, соопшти Белата куќа.
Стејт департментот објави во јуни минатата година дека граѓаните на САД можат да го изберат својот пол на апликациите без поднесување медицинска документација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.