Добра вест за албанските граѓани, како што ја нарече, објави американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, по повод 100-годишнината од воспоставувањето на билатералните односи меѓу САД и Албанија.
Станува збор одлука со која почнувајќи од 1 април, секој албански , кој ќе добие туристичка или деловна виза ќе биде со важност од 10 години. а не три како до сега.
Додека славиме 100 години билатерални односи меѓу САД и Албанија, со задоволство можам да споделам со вас некои прекрасни вести кои верувам дека ќе ги зближат Американците и Албанците уште повеќе. Секоја година се повеќе Албанци ги посетуваат САД, исто како што се повеќе Американци ја посетуваат Албанија. Сега ќе им олесниме на Албанците кои сакаат да ги посетат пријателите и семејството во Америка, да ја видат нашата земји и да градат деловни односи, изјави Ким во објавениот видео-запис.
Одлуката на САД за продолжување на важноста на визата на десет години, оценува понатаму, го одразува фактот дека Албанците се повеќе ги следат правилата при престој во САД.
Се надевам дека ќе најдеме уште повеќе начини да ги зближиме Албанците и Американците. Со нетрпение очекуваме да Ви посакаме добредојде во САД и со нетрпение очекуваме уште 100 години како пријатели. Ви благодарам, рече амбасадорката.
Претходно, во декември 2014 година тогашниот американски амбасадор во Тирана, објави дека секој албански државјанин кој ќе добие американска виза, ќе ја има за период од 3 години, наместо три, шест девет или 12 месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.