Францускиот претседател Емануел Макрон очигледно бил „оштетен“ по комуникацијата со киевскиот „зависник“ Владимир Зеленски – изјави Дмитриј Медведев.

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија го изјави ова откако Макрон изјави дека Русија претрпе геополитички пораз.

Русија претрпе геополитички пораз, го започна процесот на вазална зависност од Кина и внесе сомнеж кај нејзините историски сојузници – вели Макрон во интервјуто за „Опинион“.

Одреден човек кој себеси се нарекува претседател на Франција рече дека Русија веќе изгубила геополитички и дека се претвора во вазал на други земји. Францускиот претседател е очигледно оштетен по комуникацијата со зависникот од Киев. Дишеше премногу топол париски воздух, помешан со испарувањата на украинскиот кокаин што му го испуштил неговиот гостин – напиша Медведев на „Твитер“.

Како што наведе рускиот политичар, геополитичкиот пораз се случил во 2022 година кога НАТО ја отфрли Русија, кога станува збор за безбедносните гаранции, велејќи: „оставете нè на мира, немаме време за вас“.

Сега сите земји-членки на НАТО заспиваат и се будат мислејќи на Русија. Освен тоа, некои се особено кукавици, како и оние кои страдаат од фантомски болки, како што се привремено окупираната Полска и нашите балтички провинции – додаде тој.

Според него, ако навистина имало загуби, тоа биле загубите на примитивната политика на НАТО, со основна желба на Алијансата да одигра исклучителна улога во 21 век.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.