Во САД не стивнуваат реакциите по првата дебата меѓу претседателските кандидати од Демократската и Републиканската партија, Џо Бајден и Доналд Трамп. Претседателскиот кандидат Роберт Кенеди Џуниор, јавно искоментира дека претседателот Бајден не носи никакви одлуки во американската администрација, а Владата ја водат луѓе непознати за американските граѓани.

Изгледа дека тој не носи одлуки во Белата куќа. Мислам дека нашата влада ја водат непознати луѓе кои ги влечат конците и тоа е страшно“, изјави Кенеди Џуниор.

Тој додаде дека дебатата на Бајден со Доналд Трамп е „тажна приказна за демократијата“.

Со сличен коментар се огласи и поранешниот републикански кандидат Вивек Рамaсвами.

Бајден навистина не ја води земјата, што поставува незгодно прашање: Кој управува со земјата?“, праша Рамaсвами на социјалните мрежи.

На таквото прашање, со свој коментар излезе и милијардерот Илон Маск, кој кратко одговори:

Можеби никој“.

Претходно Маск изјави дека дебата е причина Бајден да се замени со друг кандидат од Демократската партија.

Разликата меѓу Русија и Америка е јасна на сите. Русија е предводена од Путин. Кој ја води Америка? И следниот американски претседател нема да биде поинаков, искоментира Маск.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.