Колумбиското обвинителство вчера поднесе обвинение за сексуална злоупотреба против таткото на две од четирите домородни деца кои во мај преживеаја авионска несреќа во регионот на Амазон. Децата од народот Хуито исчезнаа откако падна малиот авион со кој патуваа, при што загина нивната мајка и уште двајца возрасни, а беа пронајдени по 40 дена во џунглата.
Во соопштението, обвинителите го обвинија Мануел Ранок дека сексуално ја злоупотребил својата 13-годишна поќерка, која беше заслужна за тоа дека таа и нејзините помлади браќа и сестри преживеаја 40 дена во амазонската џунгла, вест што ја пренесе целиот свет. Раноке, кој беше уапсен во петокот, е обвинет дека ја злоставувал својата поќерка уште од 10-годишна возраст, се вели во соопштението.
Децата, на возраст од 1 до 13 години, беа хоспитализирани повеќе од еден месец, откако беа спасени во јуни. Оттогаш, тие се под грижа на колумбискиот Институт за семејна благосостојба, а обвинителите тврдат дека вработените таму првпат се посомневале оти имало сексуална злоупотреба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.