Служба на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) тврди дека руските сили во Украина извршиле сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право и на човековите права.
Со седиште во Варшава, Службата за демократски институции и човекови права, институција на ОБСЕ, објави извештај каде се наведуваат информации за сериозни прекршувања, извршени од Русија во рамки на конфликтот во Украина и вклучувајќи ги гранатирањата на театарот во Мариупол во средината на март и на железничката станица во Краматорск на почетокот на април.
Службата изразува сериозни грижи во извештајот, во врска со опсадите на укранските градови од страна на руските сили, при што на цивили им е одземена можноста да се евакуираат.
Однесувањето на руските војници во Украина се карактеризира со општо непочитување на основните принципи на меѓународното хуманитарно право. Очевидци сведочат за случаи на незаконити егзекуции, приведувања, киднапирања, мачење и сексуално насилство – подвлекува службата на ОБСЕ.
Во извештајот се наведува дека и украинските војници извршиле повреди на хуманитарното право. Се нагласува дека и двете земји во конфликтот извршиле повреди на правата на воени заробеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.