Американската компанија „Maxar Technology“ објави нови сателитски снимки на кои е прикажан руски конвој во близина на аеродромот Антонов.

Тој аеродром се наоѓа недалеку од главниот град на Украина, Киев. На втората објавена фотографија се гледа урнатиот мост во Ирпин, на периферијата на Киев.

Скај њуз објави дека тоа би можело да сугерира дека Русите продолжуваат да вршат притисок врз Киев, откако постигнаа бавен напредок кон главниот град во изминатите две недели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.