Речиси 9.000 фотографии од лаптопот на Хантер Бајден се објавени на интернет од десничарската непрофитна организација Марко Поло, дознава британскиот таблоид „Дејли Меил“.

8.864 слики објавени на bidenlaptopmedia.com вклучуваат стотици слики од првиот син на американскиот претседател Џо Бајден, како се дрогира и има секс со сексуални работнички, како и семејни фотографии и секојдневни снимки.

Фотографиите вклучуваат 7.032 главно од телефонот на Хантер, главно кои ги испраќал во пораки на „Ватсап“.

Сликите се датирани помеѓу 2008 и 2019 година. Некои имаат прикачени географски координати, кои покажуваат дека Хантер се фотографирал на Хаваите, Кабо Сан Лукас, Косово, Доминиканската Република, западна Кина, Лондон, Париз, Рим, Белград и низ САД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.